Почина оскаровецот Стивен Сондхајм, автор на музиката од култниот филм „Приказна од западната страна“

Легендата на Бродвеј, композиторот Стивен Сондхајм, почина на 91 година во својот дом во Конектикат. Веста за смртта на легендарниот композитор и текстописец, ја објави Ричард Папас, кој изјавил дека смртта била ненадејна, пренесува „Њујорк тајмс“

Сондхајм за многумина е најголем композитор и текстописец на 20. век. Тој работеше на филмот „Приказна од западната страна“ но и на претставите на Бродвеј „Мала ноќна музика“, Среќни одиме понатаму“, Недела во паркот Џорџ“, „Во шумата“ и други.

Во кариерата долга повеќе од 60 години, Сондхајм беше награден со Оскар, Пулицерова награда и освои седум Греми и осум Тони награди. Тој ја доби наградата Тони за најдобар мјузикл за комедијата од 1962 година „Смешна работа се случи на патот кон форумот“.

Иако неговите песни ги снимиле многумина, од Синатра до Мадона и Мерил Стрип, самиот Сондхајм изјавил дека никогаш не бил популарен. Во исто време, тој бил многу влијателен, ширејќи ја идејата за тоа како треба да изгледа мјузиклот. Критичарот на „Тајм“, Ричард Корлис Сондхајм го нарекол „институција“ и „дефинирање на музичкиот глас на неговата и на генерациите што следеа“.

Роден е на 22 март 1930. година во Њујорк. Во 2015 година го доби Претседателскиот медал за слобода, највисокото признание за цивили, а му беше доделен од тогашниот претседател на САД, Барак Обама.

Scroll to Top