Почина пејачот и модел Ник Кејмен

Британскиот модел и пејач Ник Кејмен почина на 59 години. Според Британците, тој беше еден од најубавите мажи во земјата во 80-тите.

Роден е како Ајвор Невил на 15 април 1962 година во Харлов, Есекс, Англија, а кариерата ја изгради под уметничкото име Ник Кејмен. Најпознат е по сингловите „Секогаш кога ќе ми го скршиш срцето“ од 1986 и „Си ветив себеси“ од 1990 година.

Кејмен се прослави со рекламата за „Левис“ од 1985 година кога ги соблекува фармерките и црната маица среде сервис за перење алишта.

Scroll to Top