Почина познатиот пејач Стив Харвел од американскиот бенд „Смеш моут“

Пејачот на американскиот бенд Smash Mouth, Стив Харвел, почина на 56-годишна возраст, пренесува американскиот портал „Ти-ем-зи“. Веста ја објави неговото семејство и менаџер кој рекоа дека Стив бил во тешка состојба и дека со години се борел со здравствени проблеми.

Лекарите му прогнозирале уште само 7 дена живот, а Стив починал неполни 15 часа, откако семејството ја објавила веста за неговата лоша состојба.

Низ годините Стив консумирал алкохол ѝ се наоѓал во последен стадиум на откажување на црниот дроб, поради што неодамна бил на болничко лекување. Се наоѓал и на домашно лекување, а семејството и пријателите го посетувале во последните 3 дена за да се простат од него.

Оваа тажна вест пристигнува речиси 2 години по загрижувачкиот инцидент кога Стив се појави дезориентиран на настап во живо, каде зборуваше неповрзано и ѝ викаше на публиката, а кратко потоа изјави дека заминува во пензија.

Во тоа време извори блиски до него рекоа дека се бори со низа здравствени проблеми како кардиомиопатија, срцева слабост и Верникеова енцефалопатија која е акутен синдром кој предизвикува низа други проблеми. Тогаш се споменуваше и дека е зависен од наркотици, пишува „Ти-ем-зи“.

Scroll to Top