Дејвид Круз, првиот дечко на Џенифер Лопез, почина на 51 година од болест на срцето, пишуваат американските медиуми. Дејвид и Џенифер ја почнале врската во 1984 година, уште додека оделе во средно училиште и имале 15 години. Нивната љубов траела 10 години.
Но, пејачката дури и многу години по нивното раскинување неколкупати раскажуваше за нивната љубов и имаше само убави зборови за него. Во едно нејзино интервју од 2004 година, таа го нарече Круз свој пријател.
„Тој веројатно ме познава подобро од било кој“, рече тогаш Лопез.