Почина раперот Малик Б.

By

Раперот Малик Б. (Малик Абдул Басит) од групата „Рутс“ почина на 47 години. Причините за смртта сѐ уште не се соопштени.

Веста за смртта ја потврдија неговите другари од групата, познати со прекарите Блек Тот и Квестлов.

„Нека биде запаметен по својата посветеност кон исламот, кон неговото братство и како еден од најнадарените ем-си музичари на сите времиња. Ве молиме да го почитувате неговото потесно и пошироко семејство во ова наше време на жалост поради големата загуба“, пишува во соопштението до медиумите.

Хип-хоп групата „Рутс” е основана 1987 година и важи за една од највлијателните во овој жанр.

Ќе ви се допадне