Почина режисерот на филмовите за „Бетмен“, Џоел Шумахер

Холивудскиот режисер Џоел Шумахер почина во Њујорк на 80 години. Тој боледуваше од рак.

Шумахер има богата филмска кариера. Адаптираше два романи на Џон Гришам, „Клиент“ и „Време за убиство“. Освен тоа ги режираше и „Денот на лудило“ и „8 Милиметри“, но на многумина ќе им остане најпознат како режисер на два филма за Бетмен и тоа „Бетмен засекогаш“ од 1995 година, и „Бетмен и Робин“, што го режираше 2 години подоцна.

Тој доби и три номинации за Оскар за филмот „Фантоми од операта“ од 2004 година.

Scroll to Top