Почина славниот комичар Џери Луис

Легендарниот американски актер почина на 91-годишна возраст, пренесуваат американските медиуми.

Еден од најголемите комичари на сите времиња, Џери Луис, почина во својот дом во Лас Вегас, а оваа информација ја потврдија и членовите на неговото семејство.

„Легендарниот Џери Луис почина мирно на 91-годишна возраст“, пишува во изјавата.

Џери Луис е роден во 1926 година. Светската слава ја стекна во 40-тите и 50-тите години од минатиот век, а успешно соработувал и со Дин Мартин, со кого глумеше во многу филмски остварувања.

 

Луис во текот на животот го доби прекарот Кралот на комедиите, а освен со глума, се занимавал и со режија. Неговите најпознати филмови се The Nutty Profesor („Откачениот професор“), The bell Boy, Cinderfella…

Така, глумеше во филмот „Аризона дрим“ со српскиот режисер Емира Кустурица.

Видете некои од фотографите на Џери Луис.

Scroll to Top