Почина сопругата на Џон Траволта, актерката Кели Престон

Актерка Кели Престон, сопруга на Џон Траволта, почина на 57 години по двегодишна битка со рак на дојка.

„Со тешко срце сакам да ве известам дека мојата прекрасна сопруга Кели ја загуби двегодишната битка со ракот на дојка. Таа храбро ја водеше оваа борба, со љубов и поддршка од многумина“, напиша Траволта на Инстаграм.

Престон и Траволта беа во брак 29 години . Имаат три деца, од кои синот Џет почина во јануари 2009 од епилептичен напад додека биле на одмор на Бахами.

Престон имаше четиридецениска кариера во Холивуд, зад себе има над 70 филмски и телевизиски улоги, а често глумеше покрај Траволта. Тие се запознаа во 1987 година, а заедно играа и во нејзиниот последен филм „Готи“ од 2018.

Scroll to Top