Почина Стен Ли, легендата на стрипот

Творецот на Спајдермен, Икс-луѓе, Ајронмен, Тор, Црниот пантер и други култни стрип-приказни и ликови, Стен Ли, почина на 96 години. Легендарниот писател и уредник на „Марвел комикс“, починал во утринските часови во медицинскиот центар „Чедар-Синај“ во Лос Анџелес, пренесе „Холивуд репортер“.

Ли почна со создавање на измислените ликови во 1939 година и заедно со Џек Кирби и Стив Дитком, во својата кариера го осмисли Црниот пантер, Спајдермен, Икс-мен, Тор, Ајронмен, Фантастична четворка, Дердевил, Ентмен и бројни други ликови.

И покрај тоа што во заедницата на љубителите на стриповите од секогаше бил големо име, на пошироката јавност и` стана познат кога во 2009 година компанијата „Дизни“ го купи „Марвел ентертејнмент“ за четири милијарди долари.

Scroll to Top