Денеска во Велика Британија почна најскапото и најпопуларно судење меѓу сопругите на двете фудбалски ѕвезди Вејн Руни и Џејми Варди.
Сопругата на Руни, Колин, ја тужи Ребека Варди, затоа што без нејзина дозвола зела информации и објави од нејзиниот „Инстаграм“ и им ги давала на новинарите. „Инстаграмот“ на Колин бил затворен и бил наменет само за нејзините и пријателите на Вејн.
На крајот завршија на суд, а Daily Mail пренесе дека и двете може да изгубат милиони. Случајот во Велика Британија доби голем интерес во јавноста што доби и свој надимак Wagatha Christie Wags at war. WAG е акроним кој се користи за жените и девојките на познати спортисти.
Постои и сомнеж дека зад објавените информации и објави стои агентот за односи со јавност на Ребека, кој исто така имал пристап до профилот на Колин. Адвокатот на Колин, Дејвид Шерборн, тврди дека постојат докази дека госпоѓа Варди дознала и ги одобрувала таквите објави.
„Ако госпоѓа Варди му дала на својот агент пиштол и куршуми и му кажала каде да пука, таа е еднакво одговорна како и лицето кое го повлекло чкрапалото“, рече Шерборн на првиот ден од судењето, кое треба да заврши на 18 мај.
Ребека пак ја обвини Колин дека и самата таа ги објавувала информациите со цел да добие медиумско внимание. Дел од судењето беше посветено и за наводниот секс на Колин со поп-ѕвездата Питер Андре.
Адвокатот Шерборн прочита дел од текст во News of the World од 2004 година, во кој било објавено за нивната средба и за тоа како Колин наводно ѝ се доверила на Ребека дека за време на сексот со познатиот музичар тој издржал само пет минути.
Ребека се бранеше дека поранешниот сопруг ја натерал да го каже тоа за медиумите и дека длабоко жали за тоа што го направила и што ѝ ги открила на својата пријателка тајните во јавност.
„Не е убаво кога човек ќе прочита такво нешто за себе во медиумите, но разбирам зошто Колин го прави сега ова и зошто ме напаѓа. Ова е низок удар, но исто така морам да кажам дека и госпоѓа Руни изнесе невистини за мене во јавноста“, одговори Варди.
Таа се осврна на периодот кога со партнерот била на одмор во Дубаи во 2019 година и кога видела објава на Колин на „Инстаграм“ во која исто така објавила лажни информации за неа.
Медиумите во Англија пренесоа дека поради активирањето на противпожарниот апарат судењето уште во првиот ден било прекинато и дека целиот овој процес претставува забава за илјадници луѓе. Посебно интересно е што правните трошоци можат да достигнат и до милион фунти.
Imagine the poor judge wondering what is going on in #wagathachristie. Really hope they have someone who can tell them about footballers wives in their family. pic.twitter.com/PnIViAa7tg
— Nimco Ali (OBE) 🔻 (@NimkoAli) May 11, 2022