Почна снимањето на „Пријатели“: Метју Пери објави фотка од екипата

Американскиот актер Метју Пери, кој во култната серија „Пријатели“ ја толкува улогата на Чендлер Бинг, објави фотографија од зад кулисот додека се подготвувал за снимањето на специјалната епизода.

„Неколку секунди пред да ја изедам четката за шминкање. Да не ја спомнувам средбата со Пријателите“, напиша под фотографијата која што за само неколку минути доби речиси 30 илјади лајкови, но актерот набрзо ја избриша од својот профил.

Снимањето на специјалното продолжување, кое неколку пати се одложуваше поради пандемијата на коронавирусите, започна на 5 април.

Режисер на продолжението ќе биде Бен Винстон, а оригиналната екипа која се состои од Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер повторно се обединија за да ги снимат новите епизоди.

Започнува снимањето на специјалното продолжение на серија „Пријатели“

Scroll to Top