Започнува снимањето на специјалното продолжение на серија „Пријатели“

Откако беше одложено неколку пати, неделава започнува снимањето на продолжението на серијата „Пријатели“, пренесува „Дедлајн“.

Снимањето на специјалното продолжување, кое неколку пати се одложуваше поради пандемијата на коронавирусите, ќе започне на 5 април.

Оригиналната екипа која се состои од Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер повторно ќе се обединат за да ги снимат новите епизоди.

Пери претходно изјави дека снимањето е закажано за „почетокот на март“ годинава , иако портпаролот на „HBO Max“ рече дека плановите сè уште не се финализирани.

Веста за специајлното продолжение на култната серија „Пријатели“ за прв пат беше објавена во февруари 2020 година, а новите епизоди требаше да бидат достапни во мај, но, сепак, пандемијата ги смени овие планови.

Режисер на продолжението ќе биде Бен Винстон, а ќе работат и оригиналните креатори на серијата Кевин Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн, а извршни продуценти на проектот ќе бидат Ема Конвеј и Џејмс Лонгман.

Scroll to Top