Почна снимањето на „Топ ган 2“

Том Круз навести дека почнало снимањето на продолжението на култниот филм „Топ ган“. Тој на својот твитер-профил објави фотографија сликана на авионска писта, облечен во пилотска униформа.

„Почувствувај ја потребата! Ден 1“, напиша покрај сликата.

Пред три години извршниот директор на компанијата „Скајденс“, Дејвид Елисон, потврди дека вториот дел на филмот е во подготовка. Истата вест ја потврди и Вал Килмер.

„Пријатели ми велат дека е официјално. ‘Топ ган 2‘ беше објавен денеска. Јас сум подготвен, Том“, напиша Килмер на „Инстаграм“ лани.

 

Scroll to Top