Поднапиена Камила Паркер ја давела кралицата Елизабета: Скандал во палатата

Цела Велика Британија, е на нозе по веста дека војвотката од Корнвол, Камила ја нападнала кралицата Елизабета.

Споре магазинот “Globe“ кој ја  објави приказна за тоа како сопругатa на принцот Чарлс, Камила Паркер испила премногу за време на собир на британското кралско семејство и направила скандал во палатата. Таа наводно истурила чаша црвено вино врз кралицата Елизабета Втора и ѝ го искинала бисерниот ѓердан од вратот. Најпрво влегле во расправија, по што Камила изгубила контрола и започнала да ја дави.

„Скокна налутено и отиде до крајот на просторијата, каде што седеше нејзиното височество и ѝ истури вино право во лицето“ – тврди неименуван извор на “Globe“ .„Камила ја зграпчи кралицата за врат и го искина прескапиот ѓердан од бисери, којшто некогаш ѝ припаѓаше на кралицата Викторија“.

Исто така, треба да се напомене дека во објавта се ели дека Камила била затворена во Бакингамската палата, за да се сигурни дека инцидентот нема да се повтори, иако е познато дека принцот Чарлс и таа не живеат во оваа зграда, туку во Кларенс Хаус.

Се зборува дека причината за конфликтот е наводно, желба на војвотката од Корнвол да биде на тронот. Иако веќе некое време има гласини за повлекување на кралицата, таа сè уште официјално не ја потврди таа информација.

 

Scroll to Top