Покрај вилата на Меган и Хари пронајдени остатоци од човечки скелет

Остатоци од човечки скелет се пронајдени покрај вилата во која живеат Хари и Меган во населбата Монтесито во Лос Анѓелес. Коските се пронајдени на неколку метри од домот на кралскиот пар.

Се верува дека остатоците од скелетот му припаѓаат на Индијанец кој живеел во тој дел од Калифорнија пред повеќе векови. Точната возраст на скелетот ќе ја утврдат форензички антрополози.

Ракел Зик, портпарол на шерифот, вели дека откако форензичари ќе го испитаат потеклото и староста на скелетот, ќе се знаат повеќе детали, но доколку се утврди дека станува збор за нови остатоци, полицијата ќе се почне истрага.

Засега не се открива кому му припаѓа имотот на кој се пронајдени коските, но полицијата потврдила дека тоа е во близина на имотот на Меган и Хари. Скелетот го пронашле работници, кои веднаш повикале полиција.

Scroll to Top