Поранешниот член на легендарните “Битлси“, Пол Макартни, ќе објави досега непознати стихови од бендот, во неговата нова книга. Тој откри дека во книгата ќе бидат објавени стиховите од 154 песни, напишани во текот на неговата кариера. За Макартни, книгата што ќе биде објавена на 2 ноември, е замена за автобиографска книга што никогаш нема да ја напише.
„Луѓето ме прашуваат кога ќе објавам биографија, но јас знам само да пишувам песни“, изјави тој и рече дека во книгата „Стихови“ ќе се објави и песната Тell Me Who He Is, која никогаш не била снимена.
Стиховите за оваа песна се напишани во раните 1960-ти години.
„Книгата ќе содржи и ‘други богатства’ од архивата на Макартни, од стихови до необјавени фотографии и цртежи. Секоја песна ќе има коментар од Макартни за нејзиното создавање“, откри издавачот Алан Лејн.
За дел од песните соработувал со поетот Пол Малдон, добитник на Пулицерова награда.