Популарниот диџеj Ерик Мориљо пронајден мртов

Диџејот и музички продуцент Ерик Мориљо (49) е пронајден мртов во неговата куќа во Мајами Бич. Околностите за смртта засега не се познати. Телото на Мориљо го пронашле полицајците кои отишле во неговата куќа по пријава. Трагичната смрт на Мориљо се случи еден месец откако тој беше уапсен по сомнение за сексуален напад.

Диџејот бил уапсен пред четири недели откако негова ДНК била пронајдена на жртва која пријавила силување, но тој го негирал сето тоа. Мориљо се предал на полицијата и бил ослободен со кауција. Силувањето наводно се случило на неговата забава. Жртвата тогаш на полицијата ѝ соопштила дека тој сакал секс со неа, а таа дошла кај него со такси и кога се пресоблекла во костим за капење за да се искапе во неговиот базен, тој почнал да ја напаѓа. Кога Мориљо ѝ се извинил, таа решила да преспие во куќата, сама. Но, откако се разбудила, била гола, а тој стоел покрај нејзиниот кревет, исто така гол, рекла жртвата. Таа почувствувала болка и се јавила во полиција за да го пријави силувањето. Медицинскиот персонал ја прегледал, а тестот покажал дека е пронајдена неговата ДНК.

Музичарот се прослави во ’90-тите години со денс хитот I Like To Move It, кој го издаде под уметничкото име Reel 2 Real, а има освоено и награди како најдобар хаус диџеј и најдобар меѓународен диџеј.

Scroll to Top