Кралската двојка ќе се пресели во новата куќа на имотот Винзор, поради присуството на Дорија Регланд, мајката на Меган Маркл. Таа се очекува да биде чест гостин на Хари и Меган и да му помогне на брачниот пар по породувањето.
Принцот и војвотката од Сасекс досега живееја во Кенсингтонската палата, каде на располагање имале само две спални соби. Во моментов во палатата нема место за Дорија, пишува „Мирор“.
Во новата куќа Меган и Хари ќе имаат на располагање девет спални соби, а на Дорија ќе ѝ припадне голем дел од куќата, кој ќе биде наменет специјално за неа.
Во куќата каде што ќе се преселилат, Меган и Хари го направија службеното фотографирање од свршувачката на крајот на декември минатата година, а таму се одржа и забавата по нивното венчавање.
Куќата е изградена во 17 век, а дури во 18 век почнала да се користи како резиденција за членовите на кралското семејство. Поради преселбата на Хари и Меган истата целосно ќе се реконструира. Ќе се менуваат кровот, прозорците и системот за одвод.