Поради вереникот, Џенифер Лопез сред секс скандал

By

Латино пејачката Џенифер Лопез е во центарот на внимание поради нов скандал. Овој пат за пејачката кружат гласини дека нејзиниот вереник Алекс Родригез ја изневерувал со моделот Зое Грегори.

Зое тврдела дека Алекс и испраќал секси пораки.

„Џенифер е неверојатна и таа не го заслужува тоа. Додека се подготвуваше да ја побара за жена, од мене бараше да му праќам мои снимки од секс. Бараше да се сретнеме и ме молеше да организирам и други девојки за дружење“, изјавила Зое за „Дејли Мејл“.

Откако Родригез се вери со Џенифер Лопез во јавноста прво се раширија гласини кои ги пушти поранешниот колега на бејзбол играчот, Хозе Кансеко. Кансеко го обвини Родригез дека тој ја изневерувал пејачката со неговата поранешна сопруга Џесика Кансеко.

 

 

Ќе ви се допадне