Поранешната сопруга на Чарли Шин е уапсена со полна торба дрога

Актерката Брук Мулер, поранешната жена на глумецот Чарли Шин е уапсена со торба полна со разни видови дрога, пишуваат американските медиуми. Таа е уапсена додека била на викенд во елитната летна населба Хемптонс, близу Њујорк.

Не е првпат полицијата да ја уапси Мулер за поседување нелегални супстанци. Таа најчесто е апсена заради поседување кокаин.

Брук и Чарли беа во брак од 2008 до 2011 година. Во 2009 година Брук го обвини Чарли за семејно насилство и го пријави во полиција дека ѝ се заканувал дека ќе ја убие. Шин тогаш на суд рече дека обвинувањата не се вистинити. Двојката има десетгодишни близнаци кои живеат со својата мајка.

 

Scroll to Top