Поранешниот сопруг на Меган тешко закрепнал по разводот

Блиска пријателка на Меган Маркл, Нинаки Приди, за светските медиуми открила дека на поранешниот сопруг на американската глумица, филмскиот продуцент Тревор Енгелсон, разводот од неа тешко му паднал. Се развеле во 2013 година,

Нинаки вели дека кога Меган побарала развод, на Тревор не му било сеедно. Меган се омажила за него затоа што сакала преку бракот да се оствари како жена.

„Кога Меган го запозна Тревор, таа си го оставри својот сон. Но, поради работата, двајцата често беа разделени, а тоа често водеше до кавги, па Меган, како што влезе, така и излезе од бракот, на сопствена иницијатива. Тревор тешко ја поднесе разделбата“, вели Нинаки.

Нинаки вели дека по разделбата, Меган повеќе не била истата што ја знаела од порано. Таа во една од своите изјави открива дека разделбата со Тревор била пресудна и за нивното пријателство.

Scroll to Top