„Последниот танц“ – Мајкл Џордан привлекува рекордна гледаност и 20 години откако заврши ерата на Чикаго

Легенданриот НБА-кошаркар Мајкл Џордан и по 20 години продолжува да биде магнет за гледачите. „ЕСПН“ ја објави документарната серија „Последниот танц“, која ја гледале 6,1 милион гледачи.

Оваа бројка претставува рекорд за оваа телевизиска мрежа, а да не станува збор за спортски натпревар. Серијата ќе има десет епизоди, а надвод од САД ќе може да се гледа на „Нетфликс“.

„ЕСПН“ го помести емитувањето на серијата од април-јуни, со цел да се пополни празнината што настана со откажувањето на сите спортски преноси поради пандемијата на коронавирусот.

Покрај последната сезона на златната генерација на тимот на Чикаго булс под водство на Фил Џексон, во серијата е прикажан и жиотниот пат на Мајкл Џордан и неговиот подвиг да стане најголемиот кошаркар на сите времиња.

Ова доби траен печат токму во таа сезона 1997/98, кога Чикаго ја освои шестата шампионска титула. Во серијата се користени снимки од таа сезона кои никогаш досега не се објавени.

 

Мајкл Џордан: Одвратен тип, ќе си речат луѓето кога ќе го видат новиот документарец за мене

Scroll to Top