Британскиот актер Гери Олдман, кој е трезен веќе 24 години, искрено проговори за деновите кога бил зависен од алкохолот и призна дека тоа не би му го посакал ни на својот најголем непријател.
Во интервју за весникот „Лос Анџелес тајмс“ 62-годишниот глумец рече: „Имаше денови кога станував и легнував со водка. Потта ми мирисаше на водка. Тоа стана дел од мене. Мојот јазик беше црн наутро. Ја обвинував пастата за заби дека не ми го избелила“.
Тој вели и дека зависноста од алкохол е пекол.
„Не би му посакал ни на мојот најголем непријател да биде под негова моќ. Ужасно е. И тој срамежлив хумор што го користев. Тоа беше само за да се скријам зад несоодветната ситуација“. додал тој.
Гери откри како го искористил сопственото искуство како излечен алкохоличар за улогата на сценаристoт Херман Манкиевич во новиот филм на „Нетфликс“, „Манк“.
„Во март одбележувам 24 години трезвеност, но се сеќавам на сите работи што ме натераа да сакам да пијам“, рекол тој.