„Повеќе не сум дете“, Меколи Калкин го прослави 40. роденден

Глумецот Меколи Калкин, кој се прослави по улогата како Кевин Мекалистер во филмот „Сам дома“, го прослави својот 40. роденден. Тој се пофали на „Твитер“ и напиша дека повеќе не се чувствува како дете.

„Здраво луѓе, сакате да се чувстувате старо? Јас имам 40 години. Нема на што. Тоа е мојот подарок за светот. Влијаам на тоа луѓето да се чувствуваат старо. Повеќе не сум дете. Тоа е мојата работа“, напиша Меколи на „Твитер“.

Филмот „Сам дома“ го сними кога имаше само 10 години. Освен што е најпознат по божиќниот филм од деведесеттите,тој е исто така се прослави и по својте улоги во филмовите „Ричи Рич“, и „Вујко Бак“, како и во музичкиот запис на Мајкл Џексон за песната „Црно или бело“.

Од светот на Холивуд се повлече во 1994 година.

Глумецот со години се бореше со зависноста од дрогите, таблетите и алкохолот, поради што му беше и сериозно нарушено психичкото и физичкото здравје. Голем број од обожавателите го бодреа кога повторно застана на нозе.
„Толку сум богат што постојано седам и гледам телевизија, но и понатаму имам доволно пари за факултет за моите деца“, изјавил во едно од своите интервјуа Калкин. На 15 години ги тужеше своите родители, сметајќи дека не постапувале добро со неговите пари.
Тој се откажа од нив за да не можат да располагаат со неговото богатство. Четири години беше во брак со неговата колешка Рејчел Минер, а девет години потоа мина во врска со глумицата Мила Кунис. Од 2017 година е во врска со глумицата и пејачка Бренда Сонг.
Scroll to Top