Повторно критики за Пусикет Долс

Женската група Пусикет Долс повторно е на удар на јавноста, поради изборот на облеката за време на хуманитарниот настап на „Sport Relief“. Настанот има за цел да ги спои забавата и спортот за да се соберат средства за луѓето на кои им се неопходни. Меѓутоа, јавноста не можеше да ја гледа само добрата намера на девојките предводени од Никор Шерцингер, па повторно ги осудија.

„Што облекле? Помислив дека гледам филм за возрасни“, е еден од коментарите на социјалните мрежи, додека некои нивниот настап го нарекле застрашувачки.

По повод настапот на групата се огласи и BBC, каде и беше емитуван истиот.

– Работевме со групата за да се увериме дека настапот е примерен. Девојките се многу добро познати по своите танцови рутини и облеката и на почетокот на програмата ги најавивме. Ние сметаме дека е примерно и дека ќе ги задоволи повеќето гледачи. Меѓутоа, мило ни е што некои гледачи не се согласуваат со тоа – рекле од BBC.

Scroll to Top