Преживеала силување и абортус, Опра на роденденот проговори за тешкото детство

By

Поранешната американска водителка Опра која вчера го прослави својот 65 роденден, за себе вели дека најтешкиот дел во животот го искусила во нејзината младост. Американката вели дека на 14 години забременела, била злоставувана од нејзиниот татко, а пораснала во многу сиромашни услови.

Сепак и покрај тешкото минато, Опра вели дека пронашла сила во себе за на крајот стане една од најславните лица во светот. Нејзината мајка ја напуштила во раните години од нејзиниот живот. Во тинејџерските години била силувана, но сите лоши работи таа вели дека ги оставила зад себе.

Иако многумина ја исмевале ѝ ја понижувале, таа не дозволила да биде обесхрабрена. Додека студирала, истовремено работела во телевизиска установа во Насхвил. Кога се преселила во Балтимор, таа била презентерка на висти и водителка на една емисија.

Во тој период се надѕирал нејзиниот успех и продор во светот на шоубизнисот. Тогаш била успешна жена, а нејзината поради нејзината работа, станала препознатлива меѓу обичните граѓани. Поради абортусот, Опра се преселила во Чикаго. Таму водела утринска емисија, а набрзо потоа ја добила дозволата за нејзината емисија „Опра шоу“, која во Америка голем период ги рушеше рекордите по гледаност.

Во емисијата гостувале ѕвезди како Мајкл Џексон и Нелсон Мандела, а емисијата била прикажувана на 120 канали. Ја следеле преку десет милиони луѓе. Опра добивала критики дека е премногу ориентирана кон таблоидите, па морала да ја промени содржината на емисијата.

Во неа вметнала друштвени прашања, духовитост, медитација, прашања од геополитиката. Многумина тврдат дека нејзиниот допринес во кампањата на Барак Обама, била клучна за неговата победа на претседателските избори.

Покрај сето ова, Опра глумела и во филмови. Се појавила во филмот на Стиен Спилберг, „Пурпурната боја“. Американката е основач на два магазина, а има ѝ свој клуб на книги Oprah’s Book.

Иако во јавноста е позната изреката дека славата ги менува луѓето, во случајот со Опра не е така. Таа е рагнирана во 50 највеликодушни Американци, а до 2012 година, има подарено околу 400 милиони долари за образовни цели и 400 стипендии за факултет во Атланта. Денес Опра тежи 2,6 милијарди долари.

 

Ќе ви се допадне