Принцезата Дијана, поради Чарлс, се посрамотила во 1982 година кога го поминала првиот Божик со кралското семејство, пишува магазинот New Idea.
Имено, кралското семејство за Божик има малку поинаква традиција од обичните луѓе. Наместо корисни и вредни подароци, тие едни на други си подаруваат бесмислени, симболични и смешни подароци. Тоа го прават затоа што знаат дека имаат доволно пари за да си купат што ќе посакаат.
Но, Дијана не знаела за таквиот обичај, а принцот Чарлс заборавил да ѝ го спомене тоа. Принцезата Дијана на принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета, и купила џемпер од кашмир. Но, Дијана се изненадила кога таа добила подарок држач за тоалетна хартија.
Во тој момент кралското семејство почнало да се смее, а меѓу нив бил и Чарлс. Дијана во тие моменти се чувствувала како да сака да пропадне во земјата од срам, открива извор близок до кралското семејство.
За следниот Божик таа ја научила лекцијата и добро се подготвила во согласност со традицијата. На принцезата Ана ѝ купила додаток за када, кој испаднал совршен погодок. Ваквата традиција до ден-денес ја следат и нивните деца.
Принцот Хари како дете на кралицата Елизабета за Божик ѝ подарил капа за туширање, на која пишувало: „Нели животот е кучка“. На кралицата ѝ се допаднал подарокот и добро се насмеала.
Хари пред да ја запознае Меган од Кејт Мидлтон добил сет „како да ја забремениш девојката“. Меган на кралицата наводно ѝ подарила за Божик хрчко, кој знаел да пее. И принцезата Ана се покажала дека има добра смисла за хумор.
Таа на својот брат, принцот Чарлс, за Божик му подарила капак за тоалетот направен од кожа.