Роберт Хазел, професор на Универзитет во Лондон, вели дека кралското семејство уште сега ќе мора да биде внимателно во изборот на идната сопруга на седумгодишниот принц Џорџ, за да не се повтори скандалот со Хари и Меган и нивното излегување од кралското семејство.
Тој вели дека кралскиот двор ќе направи сè за да не се повтори нешто како „Мегзит“. Поминаа две недели од контроверзното интервју на Хари и Меган кај Опра Винфри, во кое тие ја раскажаа својата страна од приказната за животот во кралското семејство.
Интервјуто беше емитувано година дена откако тие решија да го напуштат семејството. Односот со постарите членови во кралското семејство бил полн со контроверзи и напнатост, а по интервјуто кај Опра, приказната доби ново продолжение, за кои ќе се расправа со години, смета Хазел.
Тој вели дека за да не се повтори истата ситуација со Меган и Хари, уште сега принцот Џорџ ќе мора да размислува за иднината. Роберт за Vanity Fair откри дека животот во кралското британско семејство не е така лесен како што се чини.
Роберт вели дека животот во палатата со себе повлекува и огромни губитоци, како на пример губењето на личната слобода, која во случајот со Меган и Хари, станала големо ограничување.
Хазел изразил сочувство до Меган, велејќи дека таа била лошо подготвена за животот во кралското семејство. За да се избегне нов „Мегзит“, Роберт уште сега му дава совети на идниот крал, принцот Џорџ, синот на Вилијам и Кејт Мидлтон.
„Ајде да размислиме за ситуацијата 20 години од сега и да го видиме принцот Џорџ во дваесетите години кога веќе ќе може да стапи во брак. Секоја девојка за која тој ќе сака да се ожени, ќе мора да биде доволно информирана за сето тоа што го носи кралскиот живот. Таа ќе мора добро да размисли дали е подготвена за таквиот начин на живот“, вели Роберт.
Тој смета дека токму тоа бил и еден од проблемите кога е во прашање Меган. Таа во интервјуто со Опра Винфри кажа дека била наивна кога влегувала во кралското семејство и дека не знаела за него ништо, ниту пак истражувала за да се подготви за улогата која ја очекувала.
Таа дури и не го пребарувала на интернет името на принцот Хари, кога двајцата се запознале.
Тој признава дека заминувањето на Хари од кралското семејство за него не било изненадување, затоа што уште од самото негово раѓање, тој бил еден вид на резерва, а со време станал и вишок.