Принцот Хари не сакал да ја погледне во очи кралицата, кога ѝ кажал дека си заминува

Принцот Хари не сакал да ја погледне во очи кралицата кога ѝ кажал дека си заминува од кралското семејство, открива извор од Бакингемската палата. Тој на своите најблиски морал преку мејл да им каже дека се повлекува како постар член од кралското семејство.

Британските медиуми пренесуваат дека како и кралицата, така и принцот Чарлс бил првиот кој ги открил намерите на својот син преку дигитална комуникација. И кралицата и принцот Чарлс се обидувале да го наговорат Хари да не носи избрзани одлуки.

„Кралското семејство разбираше дека тој и Меган сакаат нешто поинакво и беа подготвени да помогнат, но работите беа комплицирани. Постоеја прашања од безбедносен аспект и начинот на финансирање, визи и даноци, работи за кои Хари и Меган не размислуваа“, открива изворот.

Кога на Хари му било кажано неговото барање да го поднесе во пишан облик, тој сметал дека неговото семејтво одбило да соработува. По Божиќ, кога се вратил во Велика Британија, неговите соработници го молеле веста да не ја објавува во јавноста, затоа што се плашеле дека може да дојде до голем проблем.

Тие сметале дека многумина од кралското семејство и поширокото домаќинство, сметале дека ваквата одлука е безобразна. Хари и Меган немаа поим што значи терминот финансиски независен, тврди инсајдер од кралското семејство за „Дејли Мејл“.

„Проблемот беше во тоа што Хари и Меган беа толку тврдоглави и убедени во исправноста на нивните одлуки. Тие беа толку тврдоглавни што дури и Хари приватно да се покаеше, тој немаше да сака тоа да го признае и да го изгуби образот“, вели изворот.

Прекнувањето на кралските должности на принцот Хари и Меган Маркл, стапува на сила од 1. април.

Scroll to Top