Благодарение на идната сопруга Меган Маркал, принцот Хари го смени и начинот на исхрана. Тој деновиве конзумира само смуди и вежба за да ослабне пред свадбата закажана на 19 мај, пишува „Дејли меил“.
Според близок пријател на Хари, 33-годишниот принц симнал три килограми за пет дена. Тој се откажал од јагленохидратите и брзата храна. Освен што тренира напорно, тој пие зеленчукови и овошни сокови кои Меган самата му ги подготвува.
Истиот извор за весникот вели дека Хари почнува да одбива да јаде месо и дека целосно ја сменил исхраната.