Принцот Хари откри за панични напади кои ги имал на кралските случувања

Поранешниот принц Хари во најновата биографија „Барајќи ја слободата“, призна дека имал панични напади  на поранешните кралски случувања, пишуваат светските медиуми.

Тој открил дека и на помали настани, како што е на пример свеченото отворање на хуманитарната организација, преку која им помага на сиромашните, му проработиле неговите инстикти за борба или бегство, кои ги развил во војска.

Во книгата тој открива дека не му било лесно ниту служењето во војска. Имал потешкотии и при враќањето во цивилниот живот, затоа што постојано бил во фокусот на јавноста.

„Гневот и вознемиреноста во него почнаа да излегуваат на површина. Тие чувства не одговараа на неговата службена титула принц. На кралските настани почнаа да го фаќаат напади на паника. Дури на помалите настани, како на пример свеченото отворање на хуманитарното здружение, со кое им помага на сиромашните, поработија кај него инстиктите за борба или бегство, кои ги разви во војската“, пишува во книгата.

Изворот кој во тоа време беше близок до Хари се потсети како изгледаше еден од неговите напади по еден настан во Лондон.
„Почна длабоко да дише, за да се смири. Луѓето, камерите, нивното внимание, сето тоа го совлада. Беше на работ да пукне“, открива изворот.
Во тој период, најголем поддржувач беше неговиот брат, принцот Вилијам, со кого во последно време се шпекулира дека се во лоши односи, наводно поради неговата сопруга Меган Маркл.
Scroll to Top