Принцот Вилијам е избран за најсекси ќелав маж на светот, според пребарувањата направени на интернет.
Групацијата „Лонгвита“, која се занимава со пресадување на косата, направила истражување за тоа кој ќелав маж е најпребаруван на Гугл, а покрај неговото име да се користи и зборот „секси“. Тие дошле до сознание дека војводата од Кембриџ се појавил во над 17 милиони пребарувања.
Сепак, корисниците на социјалните мрежи велат дека Вилијам незаслужено ја добил оваа титула, бидејќи тој воопшто не е секси.
„Ама ајде луѓе, јас сум стрејт маж, ноа гарантирам дека ниеден ќелав маж не е посекси од Стелни Тучи“, напиша еден корисник на Твитер.
Освен британскиот принц, на листата се и Вин Дизел, Двејн Џонсон, Брус Вилис, Џејсон Стентам, Џон Траволта, Мајкл Џордан и други.
Принцот Хари, пак, неодамна беше избран за најсекси црвенокос маж на светот. И тогаш во јавноста се појавија поделени мислења дали е изборот регуларен.