Принцот Вилијам и Кејт ќе бидат гости на свадбата на јорданскиот престолонаследник

Британскиот принц Вилијам денеска пристигна со сопругата Кејт во ненајавена посета на Јордан по повод венчавката на јорданскиот престолонаследник. Вилијам и Кејт им се придружија на странските гости кои ќе присуствуваат на свадбата на принцот Хусеин (28) и саудиската архитектка Раџва Алсеиф (29).

Церемонијата ќе се одржи во палатата Захран, каде што се венчаа таткото на принцот, кралот Абдула Втори и неговиот дедо, покојниот крал Хусеин.

Доаѓањето на Вилијам и Кејт го потврдија и јорданските државни медиуми. Меѓу гостите се првата дама на САД Џил Бајден и неколку членови на кралските семејства од целиот свет, вклучително и кралот и кралицата на Холандија.

Scroll to Top