„Продиџи“ по смртта на Кит Флинт снимаат нов албум

Британскиот бенд „Продиџи“, преку порака на „Твитер“, објави дека продолжуваат со работа и дека ќе снимат нов материјал. Ова е нивно прво јавно обраќање по смртта на пејачот Кит Флинт во март годинава.

„Се враќаме во студио да направиме малку бучава“, напиша Лијам Хаулет, кој објави фотографија на која се гледа како ја мести опремата.

Популарниот бенд досега има издадено 7 студиски албуми, а последниот е објавен во 2015 година. Тие и пред смртта на Флинт најавуваа дека ќе работат на нови песни.

За потсетување, пејачот на „Продиџи“, Кит Флинт, се обеси на 7 март годинава, а неговото тело беше пронајдено во неговиот дом во Есекс. Според последните информации, Флинт се самоубил заради депресија, во која паднал по разводот со Мајуми Каи, диџејка со која бил во брак од 2006 година.

 

Scroll to Top