Промоција на првиот постмортем сингл на Џорџ Мајкл

By

Утре (8 септември) во етерот на Би-би-си Радио 2 ќе биде промовиран првиот сингл на Џорџ Мајкл, девет месеци по неговата смрт. Новото необјавено парче на поп-легендата ќе биде објавено благодарение на двете повозрасни сестри на пејачот – Мелани и Јода.

dobivaj vesti na viber

„Ќе продолжиме да се обидуваме да го споделуваме и да се насладуваме на непроценливото наследство на Џорџ, да ви носиме радост преку исклучително убава музика … Планираме да ги објавиме сите проекти на кои тој работеше толку напорно и тоа за вас”, напишаа во заедничко соопштение објавено на интернет-страницата на Џорџ Мајкл.

Пејачот почина на Божик минатата година на 53-годишна возраст, а подоцна беше објавено дека подготвувал нов албум кој требаше да биде пуштен во продажба оваа година. Според непотврдени шпекулации, неговите сестри поседуваат необјавен музички материјал доволен за најмалку три албуми.

 

Ќе ви се допадне