Прв игран филм за „Аладин“ во мај  

Во мај ќе излезе првата играна верзија на анимираниот класик „Аладин“, приказна за сиромашно момче кое со помош на дух од ламба успева да се ожени со принцеза Јасмин, најави „Дизни“.

Филмот е сниман во Лондон и на локации во Јордан, во режија на Гај Ричи. Духот од ламбата го игра Вил Смит, релативно непознатиот египетско-канадски актер Мена Масуд е Аладин, додека во улогата на Јасмин е Британката Наоми Скот.

Музиката во филмот содржи нови песни, како и преработки на неколку оригинални нумери, напишани од Алан Менкен и Тим Рајс, кои беа наградени со Оскар во 1992 година.

„Аладин“ ја следи приказната на анимираниот филм, но се додадени некои нови ликови. Светската премиера е закажана за 24 мај.

Scroll to Top