Путин беше во најдобри односи со Берлускони и Шредер, откри портпаролот на Кремљ

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одржувал најблиски односи со поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и со поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

„Владимир Путин имаше пријателски средби со нив во различни формати. Што се однесува до сегашните политичари, не мислам дека Путин има толку блиска комуникација со кој било од нив“, рекол Песков, а неговата изјава ја пренесe руската агенција ТАСС.

Портпаролoт на Кремљ рекол и дека има лидери со кои Путин поминал многу часови заедно, вклучувајќи ги кинескиот лидер Шји Џјинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и белорускиот претседател Александар Лукашенко, но дека со нив не е посебно близок.

Scroll to Top