Работевме како во логор, а нè казнуваше за ситници и ни поставуваше стапици, вработените за ужасот што им го приредила Елен Деџенерис

Работниците на познатата американска водителка Елен Деџенерис раскажаа за непријатното искуство што го доживеале додека работеле на нејзиното шоу. Тие велат дека се чувствувале како да работеле во логор, а Елен постојано ги казнувала за ситни работи и им поставувала стапици.

Еден од нејзините поранешни вработени вели дека атмосферата кај Елен била неверојатно фрустрирачка. Луѓето главно се воздржувале со недели, а понекогаш и со месеци и не реагирале на нејзините малтретирања, кои се случувале без никаква причина.

Елен во последно време постојано е напаѓана од јавноста поради нејзиниот однос. Целата работа почна кога неколкумина од нејзините вработени и соработници пред неколку месеци отворено проговориле за нејзиното однесување и за начинот на кој таа ги третира своите колеги.

Бранот од тужби со кои Елен набргу ќе се соочи станал преголем за да може и нејзиниот работодавач, компанијата WarnerMedia, да го игнорира. Нејзиното планетарно популарно шоу заврши под интерна истрага на медиумската куќа.

Се чини дека на деловното царство што Елен го градела со години му се ближи крајот. Кога се утврдило дека таа вработените ги третира на непримерен начин понижувајќи ги и делејќи им откази без никаква причина, јавноста се сврте против неа.

Вработените велат дека Елен ги отпуштала од работа, иако тие биле оправдано отсутни, дали поради болест или погреб.

Елен самата се обрати до јавноста и ја раскажа нејзината страна од приказната. Таа одговорноста ја префрли на раководителите, кои ја злоупотребиле положбата на моќ што таа им ја доделила.

Во последните написи на „Дејли мејл“ објавени се сведоштва на некои од работниците. Еден од нив вели дека атмосферата кај Елен била еднаква на онаа во работен логор.

Тој раскажал како Елен непрекинато викала по нив и ги казнувала и за најмала грешка. Ќе им забележала дека храната ја носеле во погрешни послужавници, а пената од млекото не ѝ била по мерак и онаква каква што таа ќе им побарала. Исто така, соленките ги оставале на погрешно место.

Вработениот раскажа дека омилени на Елен ѝ биле стапиците што ќе ги поставела на сетот, како кутиите со кибритчиња што ги ставала под јастукот или зад плакарите, само за да открие дали некој чистел во тој дел од просторијата.

Scroll to Top