Ракот на грлото му ги донесе најлошите денови: Вал Килмер раскажа за лошата болест

Глумецот Вал Килмер, кој од 2015 година има рак на грлото, во мемоарите „Јас сум твојот Хаклбери“, првпат раскажа за најтешките денови во борбата со болеста. Тој пишува и за денот кога мислел дека ќе умре, а покрај него била неговата тогашна девојка, Шер.

„Бидејќи ми беше лошо, Шер ме убеди да живеам со неа. Се разбудив една ноќ затоа што искашлував крв. Креветот ми беше целосно црвен, како во сцена од ’Кум’. Веднаш повикав брза помош. Потоа ја викнав и Шер. Таа ја презеде контролата врз ситуацијата и се снајде многу добро“, раскажал Килмер.

Глумецот, кој се прослави со филмот „Топ Ган“, ретко зборува за приватниот живот. Дека има рак на грлото потврди две години откако му беше дијагностицирана болеста.

„Се излекував со молитва“, рече тој во тоа време, иако многумина сметаа дека Килмер имал и операција уште во 2015 година, но дека не сакал да зборува за тоа.

Килмер (60) зад себе има еден неуспешен брак со актерката Џоан Вали (58), кој траеше од 1988 до 1996 година, а потоа веќе ништо не се знае за нивниот љубовен живот. Поранешните сопружници имаат ќерка Мерцедес (28) и син Џек (25).

Scroll to Top