Рамбо доаѓа во септември

 

Новиот филм за легендарниот Рамбо „Rambo Last Blood“ е петти во познатата франшиза, а премиерно ќе биде прикажан на 20 септември. Во главната улога секако дека е Силвестер Сталоне.

Рамбо овој пат заминува во Мексико за да ја врати киднапираната ќерка на еден негов пријател. На тоа патување, ќе се најде во војна со еден од најсилните нарко картели во Мексико.

Сталоне првпат го најави продолжението во 2015 година, но со снимање почна во 2018 година. Режисер е Едриен Гранберг, а сценариото на Сталоне и на Мет Крулник.

Scroll to Top