Раперка Карди Би се разведува по една година брак

Раперката Карди Би преку видео-порака на „Инстаграм“ откри дека ќе се разведе од раперот Офсет по една година брак.

„Таткото на моето дете и јас пробувавме на било каков начин да ја спасиме нашата врска. Ние сме многу добри пријатели и деловни партнери, и тој е некој на кој секогаш можам да се потпрам, но нашата врска не функционира веќе подолго време“, рекла таа во видеото.

Карди Би додала дека тие веќе некое време не живеат заедно, дека ваквата одлука ја донеле заеднички и без кавга, и дека ќе продолжат да се трудат да останат во добри односи поради нивната ќерка Калчр која се роди пред четири месеци.

Scroll to Top