Раперот Ерл Симонс, познат како DMX, почина по предозирање со дрога

Познатиот американски рапер Ерл Симонс, познат како DMX, почина на 50-годишна возраст како резултат на срцев удар што го доживеа пред неколку дена, пренесе неговото семејство. Лекарите велат дека тој веќе некое време бил во критична состојба поради предозирање со дрога.

Симонс се борел за животот откако се предозирал на 2 април. Тој имал низа здравствени компликации. Во изминатите неколку дена дел од неговите 15 деца му доаѓале на посета. Тие заедно со медицинскиот тим објавија дека починал.

DMX пораснал во Њујорк, а во 1992 година потпишал договор со издавачката куќа „Колумбија“ по што направи забележителна кариера соработувајќи со познати имиња од рап-музиката, како Џеј Зи, Џа Рул и ЛЛ Кул Џеј. Тој имаше и актерска кариера и се појави во неколку филмови во 90-тите.

Scroll to Top