Раперот Крис Браун чека дете со поранешната девојка

Музичарот Крис Браун го чека своето второ дете. Откако во јуни навести дека неговата поранешна девојка Амика Харис е бремена, сега ја потврди информацијата и кажа дека бебето ќе се роди кон крајот на есента. Амика, пак, веста за бременоста ја дознала откако раскинала со познатиот музичар.

Крис и Амика беа во врска повеќе од една година. Ова е нивно прво заедничко дете. Крис од претходната врска со Ниа Гузнман ја има 5-годишната ќерка Ројалти.

За потсетување, освен по неговата музика, јавноста го памети Браун и по скандалот од 2009 година, кога ја натепа Ријана. Иако во судот рече дека не е виновен, беше осуден на пет години условна казна затвор.

Scroll to Top