Американскиот рапер Поп Смоук е застрелан во неговиот дом на Холивуд хилс. Полицијата во Лос Анџелес откри дека Смоук е убиен во вооружен грабеж, откако дајца непознати и маскирани напаѓачи провалиле во домот на 20-годишниот пејач во раните утрински часови. Тие истрелале неколку куршуми во него, по што побегнале. Полицијата соопшти дека раперот бил однесен во болница, а подоцна бил прогласен за мртов.
Полицијата пристигнала на местото на настанот шест минути откако добиле повик за грабежот. Велат дека досега не ги идентификувале осомничените и сè уште никој не е уапсен. За сега не е јасно кој е мотивот на убиството на младиот рапер.
Американските медиуми за него пишуваат дека бил ново, но многу иновативно име на рап сцената. Тој стана популарен со синглот Welcome to The Party, а соработуваше со Травис Скот на песната Gatti.