Раперот Тајга уапсен откога со тупаници ја претепал свршеницата

Раперот Тајга е уапсен бидејќи со тупаници ја претепал свршеницата Камарин Свенсон, пренесоа американските медиуми. Свенсон на социјалните мрежи објави фотографии од повредите, модринки на очите и отечени усни и напиша дека Тајга со месеци ја малтретирал психички и физички, а таа решила да престане да молчи.

Откога американскиот портал ТМЗ објави дека инцидентот се случил околу три часот наутро кога Камарин дошла во вилата на раперот, врескала и се расправала, таа ги демантира нивните пишувања.

„Не е точно дека дојдов и врескав, туку дека трпев насилство и дека не ме пушташе да излегувам од дома со часови“, вели Камарин.

По овие објави, Тајга беше приведен, па ослободен од притвор со кауција од 50.000 долари.

Тајга и Камарин се свршија пред пет месеци. Популарниот музичар претходно беше во врска со Кајли Џенер до 2017 година.

Scroll to Top