Расел Бренд 16 години не зел дрога

Глумецот Расел Бренд на „Инстаграм“ откри дека веќе 16 години е „чист“ и дека во овој период не зел ни дрога ни алкохол. Тој сега сака да им помага на зависниците, оти знае дека може да ја победат зависноста, исто како што ја победил тој. Бренд, објави искрено видео во кое им се заблагодарува на семејството и пријателите за поддршката. Тој вели дека денес го има мирот кој со години му бил потребен.

„Се сеќавам дека бев како лушпа од јајце. 20 декември 2002 година се скрив во тоалетот на мојот пријател и земав хероин и крек, а можеби и нешто повеќе, не се сеќавам. Следниот ден се пријавив на тримесечно одвикнување и оттогаш не сум пробал ништо“, вели тој во видеото.

Поранешниот маж на пејачката Кети Пери денес има две ќерки и брак за кој вели дека е стабилен. „Конечно го пронајдов својот мир“, додал тој.

Scroll to Top