Расел Кроу донираше помош за погодените во Бејрут

Холивудскиот глумец Расел Кроу, донираше помош за погодените во Бејрут, пренесуваат сетските медиуми. Тој донираше пари за обнова на ресторан, кој беше оштетен во силната експлозија во градот . По несреќата, објектот беше претворен во рушевини, пренесуваат медиумите.

Веста за помош ја потврди и самиот глумец , кој напомена дека тоа го направил во чест на негоиот пријател, покојниот Ентони Бурдејн, кој во тој локал своевремено го снимал и еден од своите документарци.

„Мислам дека и тој би го направил истото ако беше меѓу нас. Ви посакувам сè најдобро и се надевам дека наскоро работите ќе се вратат во нормала“, порача глумецот преку социјалните мрежи.

Ресторанот се наоѓа во стамбениот дел, во близина на местото на експлозијата која се случи на 4. август, во која загинаа повеќе од 200 лица, а беа ранети над 1000.

 

Scroll to Top