Расте бројот на труења по советот на Трамп да се вбризгуваат дезинфекциски средства

Директорката на американскиот Завод за јавно здравство во сојузната држава Илиноис, Нгоки Езике, изјави дека е зголемен бројот на труење со дезинфекциски средства во последните денови. Таа вели дека тоа се совпаѓа со советот на американскиот претседател Доналд Трамп за вбризгување дезинфекциски средства со цел да се спречи Ковид-19.

Иако по изјавата Трамп рече дека не делел совети туку дека бил саркастичен, многу Американци пробале со детергенти да ги измијат синусите. Едно лице правело гаргара со мешавина од избелувач и вода за уста за да го уништи новиот коронавирус.

„Вбризгување и шмркање средства за чистење е опасно. Не го советуваме тоа, тоа може да биде смртноносно“, посочи д-р Езике.

Трамп изјави дека инјектирање средство за дезинфекција, како што е изопропил алкохол во телото, може да го убие новиот коронавирус, а исто така предложи и зрачење на телото на пациентот со УВ зраци. Уште на самата прес-конференција лекарот ги оспори советите на Трамп.

Scroll to Top