Реге-Жан Пејџ нема да глуми во втората сезона на хит-серијата „Бриџертон“

Ѕвездата на „Бриџертон“, Реге-Жан Пејџ, нема да глуми во втората сезона на хит-серијата на „Нетфликс“. Стриминг сервисот и Пејџ открија дека војводата од Хејстингс, Сајмон Басет, нема да е дел од новите епизоди.

„Му кажуваме збогум на Реге-Жан Пејџ, кој така триумфално го одигра војводата од Хејстингс. Ќе ни недостига неговото присуство, но тој секогаш ќе биде дел од семејството Бриџертон“, соопшти „Нетфликс“.

Ова не би требало да биде изненадување за оние фанови, бидејќи серијата е правена врз романите на Џулија Квин, а ликот на Пејџ е врзан исклучиво за првата книга „Војводата и јас“. Втората сезона е посветена на Лордот Ентони (Џонатан Бејли), и книгата „Виконтот кој ме сакаше“.

„Бриџертон“ во првиот месец од објавувањето беше гледана во рекордни 82 милиони домаќинства.

 

Scroll to Top