Ретро журка за роденденот на Адел

Поп-ѕвездата Адел со ретро-забава го прослави 31. роденден. Таа на Инстаграм објави неколку слики од забавата. „30-те ме изморија, ама продолжувам напред“, напиша таа на сликите.

Адел неодамна откри и дека по 3 години брак е се разведе од Сајмон Конецки (45). Таа со него ќе мора да го подели своето богатство, кое се проценува на 180 милиони долари. Адел поседува три луксузни стана во Лондон и големи имоти во западен и источен Сасекс. Во САД има луксузен имот на Беверли Хилс проценет на 10 милиони долари, а пред да се раздели од сопругот, му препишала стан со три спални во Лос Анџелес.

Адел е најпродавана британска пејачка, а досега има издадено три албуми „19“, „21“ и „25“.

Scroll to Top